Исчезна велешанец – го нема веќе 20 дена


Шеесет и четиригодишниот Киро Кимов од Велес минатата недела е пријавен како исчезнат од страна на роднини. Тој последен пат бил виден на 21. Септември како од Мегдан заминал кон домот кој се наоѓа на улицата „Климент Охридски“. Од тогаш до денеска му се губи трагата.velesanec-izceznat

-Роднини пријавија во полициска станица и се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето, рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

Кимов бил пензионер кој имал земја во близина на месноста Бојаџиева чешма, кај Велес што ја обработувал и таму живеел. Во градот доаѓал за да го надгледува братот,кој единствено го имал од потесното семејство, го снабдувал со храна по што повторно заминувал во поле.

Роднините бараат помош од граѓаните доколку го видат Кимов да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192. Исчезнатиот маж кога последен пат бил виден на себе носел кафеава мајца со кратки ракави, фармерки и бели патики.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1