Исчезна вреќа со милион долари


Вреќа со еден милион новозеландски долари (околу 600 илјади евра) исчезна на аеродромот во Хонг Конг, во текот на префрлањето од авионот со кој беа донесени, во аердромската зграда.

Вреќата со пари беше една од вкупно 13 со десет милиони новозеландски долари, што од Нов Зеланд беа испратени за Бенк оф Чајна (Банката на Кина).kamera aerodrom merenje temperaturA

Според хонгконшките медеиуми, три неврзани вреќи со пари, паднале од трејлерот, кога тој удрил во еден агол на аеродромската зграда за товарен сообраќај.

Луѓето што ги пренесувале вреќите десетина минути подоцна забележиле дека нема три од вреќите во трејлерот и веднаш се вратиле назад, но таму нашле само две.

Полицијата на Хонг Конг отвори истрага, но нејзин претставник изјави дека случајот со исчезнатата вреќа се третира како грабеж на пари.

Засега никој не сака да преземе одговорноста за губењето на вреќета.

Авионската кмпанија „Катаи Пацифик„ се оправдува дека парите биле безбедно префрлени од Нов Зеланд до Хонг Конг, додека фирмата за обезбедување „Г4С„ која го извршила транспортот на парите, соопшти дека тие биле сосема безбедни додека пратката не била внесена во надгледуваниот и контролиран дел од карго терминалот на аеродромот во Хонг Конг.

Целата пратка со десет милиони новозелансдски долари, била осигурана.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1