Гробницата на Филип втори не е таа за која Грција тврди – но не дава ново истражување


Грчкото Министерство за култура ја одби иницијативата за меѓународно истражување од страна на научници од Грција, Шпанија и Франција на гробот на македонскиот крал Филип Втори.

Како што јави грчкиот сајт ин.њуз, ваквата иницијатива беше покрената откако група научници изнесоа мислење дека таткото на Александар Велики, Филип Втори всушност не е погребан во гробницата што ја откри грчкиот археолог Манолис Андроникос, туку во друга гробница во Кутлеш.grob filip

Во соопштението на Министерството се вели дека ваквите тврдења на научниците не можат да се сметаат за веродостојни, бидејќи тие аналиизрале само дел, а не сите коски откирени во гробнициата за која се смета дека му припаѓа на Филип Втори.

Научниците што ја покренаа иницијативата за меѓународно истражување сметаат дека теоријата на Андроникос за гробот на Филип Втори е погрешна, нагласувајќи дека тој заклучил оти останките му припѓаат на македонскиот крал само врз основа на раната на откриениот машки скелет, за која сметал дека е последица на повредите што тој ги здобил во битката против скитскиот крал Атеј во 339 година пред новата ера.

Во посочената гробница се откриени и коски на едно новороденче и на жена на возраст од околу 18 години, за кои се смета дека им припаѓаат на младата сопруга на Филип Втори, Клеопатра и на нејзиното новороденче, за кои се претпоставува дека се убиени веднаш по смртта на таткото на Александар Велики.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1