Од полицијата е побарано да спроведе депортација на најмалку 21. 748 луѓе. Од тој број 14. 140 луѓе кои се регистирани, ги снемало.
Околу 14. 000 илегални мигранти, кои чекаат депортација, едноставно ги снемало од радарите, рекла шведската полиција на локалните медиуми, додавајќи дека не знаат каде се наоѓаат барателите на азил.
Едноставно не знаеме каде се- рекол Патрик Енгстро, началник на националната гранична полиција.
Остатокот на имигрантите, најмалку 7. 607 луѓе, се наоѓаат во колективните центри или се во посебно сместување и чекаат депортација.
Шведската полиција моментно поголем дел од своите ресурси ги користи на собирање лични податоци, откако беа воведени привремени гранични контроли за да се спречи приливот на бегалци и спречат оние кои се обидуваат илегално да влезат во земјата.
Во ноември Шведска ги заостри правилата за азил, обидувајќи се да го контролира големиот прилив на бегалци од проблематичните региони Африка и Блискиот исток.