Во Полициската станица Драчево 39- годишната Е.С. вчера пријавила дека истиот ден од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 16-годишна ќерка.
Исто така, на 9-ти овој месец од Домот „25-ти Мај“ во непознат правец се оддалечила 17-годишна штитеничка. Во Полициската станица Чаир исчезнувањето вчера го пријавила М.З. социјален работник во Домот„25-ти Мај“.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на двете малолетни лица.