Што му порача Вучиќ на Путин?


Српскиот премиер Александар Вучиќ наведе во разговор со германските новинари денеска во Белград дека на рускиот претседател Владимир Путин му посочил дека членството во Европската унија е стратешки пат на Србија. vucic

Зборовите на српскиот премиер од состанокот на Твиер ги објави портпаролот на Европската комисија во Германија, Рајнхард Хонигхаус: „Премиерот на Србија Вучиќ: Му кажав на Путин дека стратешкиот пат на Србија води во ЕУ“.

Премиерот денеска се состана со германските новинари, а на неговиот Твитер налог е објавена фотографија од таа средба со порака: „Со германските новинари за европскиот пат на Србија, економските реформи, регионалната соработка и мигрантската криза“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1