Акција „Молња“: Помагачи на терористите од Куманово планирале напади во Скопје (ВИДЕО)


Mинистерството за внатрешни работи во раните утрински часови, во координација и со наредба на надлежниот јавен Обвинител, отпочна со реализација на Оперативната обработка „Молња“ која имаше цел да ја открие целокупната мрежа на соработници и помагачи на криминално-терористичката група која беше стационирана во „Диво Насеље“ во Куманово.

Во текот на досегашната истрага соодветно беше документирана нивната улога и поврзаност со случувањата во „Диво насеље“, како и инволвираноста во претходниот напад на Полициската станица во „Гошинце“.500CaptureASDASDASDASDASDAS

Осомничените главно имале улога на логистичари, односно при двата кривично-правни настани и помагале на групата во извршувањето и прикривањето. Освен помагањето на криминално-терористичката група од „Диво насеље“, еден од осомничените имал обиди во текот на полициската акција да мобилизира помлади лица и со таа група да изврши напади во Скопје, да ја дефокусира полицијата и да ја намали нејзината сила во напорите за совладување на вооружената група во Куманово.

Станува збор за седум лица на возраст од 20 до 74 години, од кои три се од кумановското село Отља, две од скопско Брест и по едно од Арачиново и Матејче. Сите седуммина се осомничени за извршување на кривични дела „Терористичка организација“  по чл.394-а и „Тероризам“ по чл.394-б вв со чл.24 „Помагање“ од КЗ на РМ.

Од страна на МВР на РМ врз основа на судски наредби за претрес на дом и други просториии извршени се претреси на пет локации и тоа две во с.Отља, две во с.Брест и една во с.Матејче. При претресите пронајдени се карти на голема Албанија, униформи на УЧК, 13 телефонски апарати, автоматска пушка, седум рамки за автоматска пушка, 127 куршуми 7,62 мм, две ловни пушки, гасен пиштол, машина за полнење патрони, сачми, околу 60 патрони, два испукани патрони, два детектори за метал, мапи и ВХС касети, лисици за врзување, 1400 евра, 45 куршуми 7,9 мм, фотографии со припадници на УЧК, оптички нишан и други предмети и траги кои ќе бидат предадени на надлежниот Јавен Обвинител.

При реализирањето на акцијата, не се регистрирани инциденти, а во моментов лицата се изведуваат пред Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1.

Поголемиот дел од осомничените веќе се познати на полицијата и против нив во повеќе наврати се поднесувани разни кривични пријави за кои им се изрекувани и затворски казни од надлежните судови.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1