„Исчезнаа“ и лицата што се поврзуваат со „исчезнувањето“ на малезискиот авион


Седум лица се поврзуваат со исчезнувањето на малезискиот авион по кого се трага веќе три дена. Двајца Украинци полетале со авионот што сообраќал од Малезија до Кина, а петмина други само пријавиле багаж, но не се качиле во леталото

malezija avionНивните торби се конфискувани и во нив се откриени антируски и антикинески памфлети, како и конкретни барања до Русија.Тројца од петмината што не се качиле на авионот воопшто ги нема на безбедносните снимки на аеродромот, па постојат индикации дека осомничените киднапери имале помош, информира ексклузивно за „Нова Македонија“, Сем Вакнин, политички аналитичар со извори во разузнавачките служби, кој имал увид во безбедносните снимки.

Тој вели оти малезиските власти преку ЦИА и ФБИ побарале помош од израелски Мосад за идентификување на осомничените киднапери.

Вакнин нагласува дека разузнавачките служби се сомневаат оти некој веројатно ги избришал снимките со другите три лица што пријавиле багаж во авионот, но не се качиле во него. Според него, уште почудно е што двајцата осомничени што ги снимиле безбедносните камери биле со низок раст, темен тен и со азиско-монголски изглед, а патувале со украдени италијански и австриски пасош.

443379malezija-avion03reutersfoto-reutersf– Снимките од безбедносните камери покажуваат дека двајца од осомничените се со азиско потекло, што не одговара на фотографиите од нивните пасоши. Така и е откриено дека некој им помагал, бидејќи носителите на пасошите не биле Азијци. Поради тоа, властите уапсиле две лица, со муслиманско потекло, што работеле на чекирање на авионските карти, а нив ги испитува и ФБИ – вели Вакнин.

Интересно е тоа што двајца осомничени, кои биле во авионот, биле со украински пасоши. Малезиските власти тврдат дека и тие пасоши биле лажни, додека пак, Украина потврди дека станува за валидни патни исправи.

Малезиските власти вчера соопштија дека лицата што патувале со авионот не биле Азијци, што ја потврдува теоријата дека најверојатно станува збор за Украинци.

Според Вакнин, другите петмина имале купено авиобилети до Амстердам, а поради тоа што не се качиле на летот, нивниот багаж бил отстранет. При проверката на багажот бил откриен пропаганден материјал и флаери со антируска и антикинеска содржина.

Покрај тоа, според него, изборот на Амстердам како крајна дестинација за петте осомничени многу веројатно не е случаен. Летот од Пекинг до Амстердам поминува над руско-кинеската граница, па не се исклучува и можноста киднаперите да сакале да го урнат или принудно да го приземјат авионот во некоја од двете држави и да поставуваат политички барања.

Повеќе ексклузивни информации за кобниот лет прочитајте во Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1