Убиле веќе мртов наркобос – двапати го убиваат Најлудиот бос


Мексиканскиот наркобос Насарио Морено, кој пред три години беше прогласен за мртов, синоќа е убиен во престрелка со полицијата во западниот дел на Мексико, соопшти мексиканската Влада.

moreno-500Морено, кој бил познат под името „Ел мас локо“ (Најлудиот) и предводел моќна криминална банда во сојузната држава Мичоакан, наводно загинал во судир со полицијата во декември 2010 година, но неговото тело никогаш не било пронајдено и многумина верувале дека тој се уште е жив.

Портпаролот на мексиканската Влада, одговорен за безбедносните прашања, Алехандро Рубидо изјави дека полицијата неодамна открила дека Морено е се уште жив, по што бил откриен и утврдено дека тој и понатаму го предводи картелот „Витези темплари“.

Морено вчера бил пресретнат од полицијата, која побарала од него да се предаде, но тој отворил оган, по што загинал во престрелката. Неговиот идентитет е потврден со помош на отисоци од прстите.

Otisci-prstiju

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1