Киднапиран, срушен, бомба, мистериозно исчезнат? – Ниту трага од авионот – еве што се се шушка


Иако во тек е обемна истрага за пронаоѓање на авионот, ниту трет ден не е пронајдена било каква трага за леталото ниту за 239 патници и членови на екипажот од летот Куала Лумпур – Пекинг.

Map of flight plan is seen on computer screen during meeting before mission to find Malaysia Airlines flight that disappeared, on Phu Quoc IslandЗасега малезиските власти не отфрлаат можност за киднапирање или терористички напад. Тие истражуваат неколку осомничени околу нивната улога во исчезнувањето на авионот.Од она што досега е познато е маршутата на авионот Боинг 777-200, чие патување можело да се следи пет часа пред одреденото време за пристигнување. Пилотите не дале никаква индикација за некаков проблем непосредно пред исчезнувањето. Се отфрла и можноста да се враќал назад кон Куала Лумпур бидејќи немало пријава за тоа.

Авионот на „Малејжа ерлајнс“ најверојатно се распаднал за време на летот

Авионот на малезиските авиолинии исчезна за време на летот во Куала Лумпур – Пекинг во  саботата во раните утрински часови. Четириесет и осум часа по несреќата се уште не се откриени остатоци од леталото, што укажува на тоа дека тој се распаднал на височина од над десет илјади метри, изјави претставник на истрагата. Тој додаде дека доколку авионот цел паднал од таа височина досега во водата требаше да има доволно остатоци од него.

Мистеријата продолжува, пет патници се чекирале па во последен момент го откажале летот

italijan avion malezijaСпоред најновите истрагата, пет патници се чекирале за летот, но во последен момент го повлекле багажот од авионот и се откажале од патувањето.

Станува збор за Австриецот Кристијан Козел и Италијанецот Луиџи Маралди, кои според нивните министерства за надворешни работи, не биле во авионот, односно имале пријавено дека нивните пасоши биле украдени во Тајланд во измантите две години. Истата информација е потврдена и од Интерпол. Помеѓу нив и уште двајца други.

Според статистичките податоци, билетите на двјацата кои користеле украдени пасоши, биле купени во четвртокот во Тајланд. Билетите биле еднонасочни со план за патување од Пекинг до Амстердам. Крајната дестинација на едниот тикет бил Франкфурт а на другиот Копенхаген. Пасошот на Австријецот бил украден минатата година, а на Италијанецот во 2012.

malezija avionОдговарајќи на прашањето како изгледале двајцата патници за кои претходно беше јавено дека патувале со украдени пасоши и дека најверојатно биле од азиско потекло, заменик директорот на малезиското Цивилно воздухопловство на денешната прес-конференција кажал дека тоа не е вистина и дека тие повеќе личеле на фудбалерот на Милан, Марио Балотели, пренесува Гардијан.

Нафтената дамка не била од малезискиот авион – мистеријата станува уште поголема!

Мистеријата со исчезнатиот малезиски патнички авион се продлабочува – денес истрагата утврди дека дамките гориво забележани во близина на брегот на Виетнам немаат врска со леталото.  Властите во Куала Лумпур соопштија дека лабораториската анализа покажала дека горивото е од вид што го користат бродови.

Малезиските власти наведуваат дека се` уште нема никаква трага од авионот Боинг 777 во кој имало 239 лица, речиси три дена откако исчезна среде лет.  Еден член на истрагата соопшти дека засега не е пронајден ниту еден дел од авионот, и покрај медиумските извештаи дека парче од леталото било лоцирано во водите јужно од Виетнам.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1