Исчезнале 26 кутии со смртоносен вирус од лабараторија во Франција – никој не знае каде се


Познатиот француски институт „Луј Пастер“ призна дека од нивниот магацин пред неколку недели исчезнале 26 кутии со 2.349 примероци од смртоносниот вирус САРС.

BulgariaИсчезнувањето на кутиите е откриено случајно при рутинска контрола на содржините. Од Институтот ја смируваат јавноста со тврдење дека нема опасност за здравјето на луѓето, бидејќи исчезнатите примероци немаат инфективен потенцијал.

Интерната истрага траела околу два месеца, по што институтот ја информирал националната регулаторна агенција за лекови и здравствена безбедност. Експертите отфрлаат каква било можност од злоупотреба на примероците, бидејќи ниту еден примерок не содржел комплетен вирус, туку само негови фрагменти.

– Губењето на примероците е неприфатлива грешка. Затоа донесовме одлука за тоа да ја информираме јавноста. Сакаме да бидеме транспарентни. Ова е првпат Институтот да загубил примероци на овој начин, што е целосно недозволиво. Засега веруваме дека станува збор за човечка грешка, но не исклучуваме и други можности – рече претседателот на францускиот институт, Kристијан Брешо.

Тој смета дека примероците би можел да ги уништи и некој од персоналот, а притоа да заборави официјално да ја забележи постапката.

САРС е инфективен вирус и може да се шири слично како грипот и настинката. Одговорен е за смртта на повеќе од 800 луѓе од појавата на епидемијата во 2003 година. Според податоците на Светската здравствена организација, од вирусот починале повеќе стотици лица во Kина, за само една недела во февруари 2013 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1