Премиер поднесе оставка поради шише вино (Видео)


Премиерот на австралиската држава Нов Јужен Велс, Бери О`Фарел поднесе денеска оставка откако беше откриено дека примил шише скапоцено вино од 2.800 долари!

Beri O'FarelО`Фарел донесе одлука да се повлече од функцијата откако е откриено дека лажел во врска со примањето на овој подарок бидејќи е пронајдена порака во која тој се заблагодарува за шишето вино „Пенфолд Гренџ“ од 1959. година и тоа само еден ден откако негирал било каква поврзаност со таа приказна.

– И натаму не можам да се сетам дека примив вино од 1959, не можам ниту да објаснам што се случило со тоа шише, рекол О`Фарел за новинарите во Сиднеј.

Тој додал дека не постои порака која тој ја потпишал.

Премиерот, виното го добил во 2011. година, од директор на фирма за преработка на вода, кој бил обвинет за проневера на пари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1