Пиј од оваа чаша и ќе живееш среќно и долго – една од 10 чаши во светот се врати во Македонија


Ретката стаклена чаша од римско време позната како дијатрета, конзервирана, стигна во Македонија.Дијатретата е стаклена луксузна чаша од 4 век, од римскиот период.

9669_-_Milano_-_Museo_archeologico_-_Diatreta_Trivulzio_-_Foto_Giovanni_Dall'Orto_13_Mar_2012

Пронајдена е на археолошките истражувања во 1982 година на археолошкиот локалитет Таранеш, кај Дебар. Ја пронашол археологот Милан Ивановски, во доцноримски гроб, со многу значајни артефакти.

Една од десетте во светот

Според Мила Шурбаноска, кустос-советник во Археолошкиот музеј на Македонија, дијатретата има големо значење за нас, пред с` зашто е многу редок експонат во светот. Пронајдени се десетина цели или не сосема цели чаши. Постојат информации дека има повеќе, но сите други се само во фрагменти, пишува Дневник. 

Постојат две групи чаши дијатрета, со фигурален украс и со мрежест дел.

Нашата е од вториот тип, познат и како келнски. На стаклената основа има мрежа од малахитно-зелено стакло. Основата е од белузлаво проѕирно стакло.

– Некаде се викаат и кејџ-кап (чаша со кафез).

roman-glass-at-civico-museo-archeologico

Често има стаклен натпис со значење: „Ако пиеш, ќе живееш долго и среќно“, во таа смисла. Науката претпоставува дека служат за некакви церемонијални испивања, на големи свечености, се разбира кај припадници на повисоките класи. Датирааат од 4 век.

vetro_diatreto

На прашањето зошто овие чаши се толку ретки во светот, археологот Мила Шурбаноска смета дека е тоа така затоа што нивното производство било скапо. Науката с` уште не може да ја долови техниката на нивната изработка. Тие се многу специфични. С` уште не е сосема јасно како ги изработувале.

– Можеле да си ги дозволат само богатите. А според останатиот инвентар што бил во гробот, јасно е дека тој покојник ~ припаѓал на висока општествена гласа. Во ваков случај, кога станува збор за само еден гроб, едно погребување и нема никаков друг контекст, неблагодарно е да се зборува и да се претпоставува кој бил тој човек, дали живеел овде и каква била неговата функција – објаснува Шурбаноска.

Таа се наоѓа во Археолошкиот музеј на Македонија и ќе биде еден од ексклузивните експонати во поставката на новиот музеј. Чашата помина една година во конзерваторската лабораторија при Римскиот музеј во Мајнц.

Скапоцената чаша е сосема реставрирана, но се споени можеби две третини од вкупните делови. Останатите парчиња што германските конзерватори решиле или не можеле да ги спојат, се вратени во нашиот музеј.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1