Европската унија ги повика молдавските власти да извршат детална истрага за исчезнувањето на една милијарда евра од банкарски сметки во Молдавија во 2014 година.
Во соопштение од Советот на ЕУ, се нагласува дека истрагата треба да биде со цел враќање на парите и изведување на виновниците пред суд.
Советот побара од Кишињев да изврши контроли во трите банки од кои исчезнале парите и тоа да биде во тесна соработка со ММФ.
Министрите од ЕУ порачуваат по законски пат да биде децентрализирана сопственоста во средствата за масовни комуникации за да биде гарантиран плурализам.