Исчезнало досието на ВМРО-ДПМНЕ наредено од Фрчкоски


Ни трага ни глас од документите на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање од досието за следење лица и комуникации во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (познатото досие „Темел“), кое го наредил поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски кон средината на 90-тите, а го продолжија и неговите наследници, пишува весникот Дневник.

Составено од речиси илјада страници, досието на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста се појави во 2001 година, кога самата партија побарала да се изврши увид дали за неа се водела евиденција од тајните служби, а користејќи ја законската можност. По позитивниот одговор, ВМРО-ДПМНЕ матријалите од досието ги доствува во Собранието на расправа.

dosie кodos lustracija-Материјалите што на почетокот од 2001 година ја кренаа јавноста на нозе бидејќи докажуваа дека и во независна и плуралистичка Македонија тајните служби сè уште се водат од политички мотиви, сега ги нема во собраниската архива. Ги нема ни во Државниот архив каде што се чуваат сите минати документи од државните органи. Според информациите од Собранието и од Архивот за тоа како се чуваат документи од парламентот и како се предаваат на чување, материјалите од „Темел“, најверојатно, исчезнале некаде во периодот од 2002 до 2006 година кога тогашните претседатели на Собранието требале да ги предадат документите од претходниот пратенички мандат, пишува Дневник.

– Во собраниската архива го нема досието што како документи за разгледување ги поднесе партијата ВМРО-ДПМНЕ во 2001 година, го нема ни извештајот од работата на Анкетната комисија или Kомисијата за надзор на работата на ДБK ниту, пак, заклучоците. Но, не е можно ни да ги има. Тие, според начинот за чување на архивската граѓа, треба да се предадени во Државниот архив – изјавиле од Собранието за Дневник.

И во Државниот архив нема ни трага ни глас од документите.

frckovski– По проверката, и кај нас документи со ваква содржина нема, односно документи со таков архивски број не се заведени во нашата архива, што значи дека воопшто не се ни предадени од страна на Собранието – вели Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив за весникот.

Тој вели дека практиката е секој нов претседател на парламентот по истекот на неговиот мандат, во просек на секои четири години, да ја предава целокупната архивска граѓа од Собранието на Архивот направена од неговиот претходник. Тоа би значело дека документите исчезнале некаде во периодот од 2002 до 2006 година.

Што се случило со документите, никој не знае.

Од досието „Темел“ е зачуван по некој оперативен документ во самата ДБK и во МВР врз основа на кои и Kомисијата за лустрација ја донесе одлуката за лустрација. Верзија од досиејата од седиштето на партијата и личните досиеја на првите тогашни луѓе на партија поседуваат само оние лица што ја искористиле таквата законска можност на почетокот на 21 век.

frcko11– Досието за ВМРО-ДПМНЕ го поднесов во парламентот во 2001. Беше разгледано од комисијата и беа констатирани прекршувања на овластувањата на наредбодавците. Меѓутоа, сe` се забошоти. Она што е чудно е што досието го нема никаде, ниту во Државниот архив ниту во Собранието, значи некој го скрил. А зошто? Од проста причина да не се дознае како се злоупотребувани тајните служби. Јас ја чувам мојата копија. Среќа! Инаку, можеше засекогаш да биде скриена злоупотребата на првенците на СДСМ и со тоа денеска да се прават жртви поради тоа што лустрирани. Од друга страна, исчезнувањето на документите може да е намерно за да не бидат воопшто лустрирани. Треба да се истражи темелно кој и кога тоа го направил. Подоцна земав копија и од Државниот архив, меѓутоа таа има еден документ помалку со онаа копија што претходно ја земав од МВР, значи, некој чистел – изјави за Дневник Филип Петровски, кој како пратеник ја водел процедурата во Собранието.

повеќе прочитајте на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1