Вчера во полициската станица во Тетово, Д.М. (49) од с.Брвеница, Тетовско, пријавил дека исчезнала неговата 15-годишна ќерка. Според изјавата на таткото, девојчето последен пат било видено на 23 јануари 2015 година, околу 14 часот.
За исчезнат е пријавен 22-годишен кумановец. Во полицијата исчезнувањето го пријавила неговата мајка А.Т.М.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.