Исчезнати три малолетнички и една жена


Четири лица се пријавени за исчезнати во полиција за само 24 часа. Се работи за три малолетни девојки и за една жена на 54-годишна возраст.

Вчера во кочанската полиција Б.С. (56) пријавил дека на 27 декември околу 11.00 часот од својот дом во непознат правец се оддалечила неговата сопруга В.С. (54).Missing-Person isceznata

Во полициската станица во Гази Баба, пак, Б.У. од Скопје пријавил дека на 25 декември во 12.00 часот од непознати причини од дома во непознат правец заминала неговата тринаесетгодишна ќерка.

Во истата полициска станица, социјален работник во ЈУ„Ранка Милановиќ“ Скопје пријавил дека на 25 декември во 08.15 часот седумнаесетгодишно лице од Скопје, штитеничка на јавната установа, самоволно ја напуштила установата оддалечувајќи се во непознат правец.

Во Куманово, татко по девет месеци пријавил дека неговата ќерка ја нема.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1