Душко Трајковски од Карпош, кој се водеше за исчезнат веќе два дена, починал пред 11 дена во сообраќајна несреќа, потврдија од МВР.
85-годишниот Трајковски возејќи се со неговиот велосипед попладнето на 2 декември бил удрен од автомобил Фиат Добло со скопски регистрации на крстосницата од булеварот 8-ми Септември и улицата Момин Поток. Бил пресен во клиничкиот центар.
На 7 декември вечерта од Ургентниот центар пријавиле во МВР дека повреденото лице, чиј идентитет во тој момент бил непознат, починало. Неговото препознавање најблиските го извршиле денеска.