Исчезнуваат разведени жени – исчезнале на ист начин, нема никаков траг (Фото)


Жителите од Лесковaц живеет веќе подолг период во страв од фактот што во ова градче мистериозно исчезнале четири жени, а да работата биде уште пострашна, извешатјот за нивното исчезнување на сите заедно е речиси идентичен.

isceznati1Сите излегле во куќата во вечерните часови, сите имале меѓу 50 и 55 години, ниедна од нив не понела со себе ништо од документацијата. За сите се зборело дека биле дружељубиви, и дека по исчезнувањето нивните мобилни ѕвонеле на почетокот, а по некое време сигналот бил загубен.

Дали завршиле во манастир?

Серијата на исчезнување започнала на 18 март 2012 година, кога се губи секаков траг од доктор Маријана Стојановиќ. Потрагата почнува да ја водат 50 до 100 полицајци на подрачјето на Лесковaц. Пребарана е и планината Власотница, но и покрај сите напори, не успеале да откријат ниту една трага.

На сличен начин исчезнале и Лилјана Николиќ и Тамара Филиповиќ и Снежана Џорџевиќ.

Полицијата интезивно трага по нив и не е исклучена ниту една можност да истите се жртви на некој убиец иако во моментов тоа изгледа како најмала веројатност.

Можеби се жртви на трговија на луѓе со органи, а постои и опција да некои од исчезнатите се замонашиле.

Ќерката на педесетгодишната Снежана Марија Џорџевиќ која е вработена во Агенцијата за локален економски развој, тврди дека нејзината мајка немала ниту една причина да си замине од дома.

-Бев отсустна 40 минути и кога се вратив нејзе ја немаше. Сите работи и беа во куќата. Ташната, новчаникот, личните работи. Само ги немаше нејзините два мобилни телефона. Ми рекоа дека излегла по некој чуден телефонски мистериозен разговор на телефон. Нејзиниот личен телефон беше исклучен, а службениот ѕвонеше до 23 часот, а потоа врската се прекина и од тогаш е недостапна, раскажува низ солзи Марија Џорџевиќ.

izceznati21 izceznati3 izceznati5 izceznati6

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1