Исчезнувањето на Агата Кристи никогаш не било решено


Повеќе од 1.000 полицајци и 15.000 волонтери го прочешлале теренот, а специјални тимови ги пребарале околните езера и реки. Флота од двокрилни авиони го скенирала теренот одозгора

Беше неприкосновена кралица на детективската фикција во златната ера на овој жанр, но најинтригантната мистерија поврзана со Агата Кристи, од 1926 година до денес, останува нерешена.agata

Во една студена декемвриска вечер, 36-годишната Кристи исчезнала од нејзиниот имот во Санингдејл, Беркшир, Велика Британија. Наводно, познатата писателка оставила порака во која вели дека заминува на одмор, но пронаоѓањето на нејзиниот автомобил упатувало на нешто посериозно. Го пронашле покрај еден каменолом, недалеку од нејзината куќа, напуштен, со отворена хауба и со вклучени светла. Внатре биле крзненото палто на Кристи, нејзината возачка дозвола и торба со облека. Немало никакви знаци од неа.

СОМНЕЖ ЗА УБИСТВО

Веста за исчезнувањето на Кристи се проширила со светлосна брзина и почнала масовна потрага по неа. Повеќе од 1.000 полицајци и 15.000 волонтери го прочешлале теренот, а специјални тимови ги пребарале околните езера и реки. Флота од двокрилни авиони го скенирала теренот одозгора. Тоа е првиот голем случај на потрага по исчезнато лице во Англија.christiesearchpartyweb

Се вклучиле и колегите на Кристи, други писатели чија специјалност е жанрот мистерија. Дороти Л. Сејерс го посетила местото на злосторството, а ова искуство подоцна го искористила како инспирација за делото „Неприродна смрт“. Сер Артур Конан Дојл, творецот на славниот Шерлок Холмс, ја однел ракавицата на писателката кај јасновидец надевајќи се дека тој ќе ја реши мистеријата.

До крајот на неделата, исчезнувањето на Кристи станало национална опсесија. Кој би можело да ја убие „кралицата на криминалот“. Многумина се сомневале на сопругот на писателката, полковникот Арчи Кристи. Стариот полковник имал афера со доста помладата Ненси Нил и не се ни обидел да го сокрие тоа од сопругата. На денот на исчезнувањето на Агата, таа и сопругот имале сериозна кавга откако Арчи ѝ соопштил дека сака да го помине викендот со љубовницата.

ПУБЛИЦИТЕТ, ЛЕКЦИЈА, ДЕПРЕСИЈА…

Познатата писателка била исчезната 11 дена. Потоа, на 14 декември, ја пронашле – не два метра под земја туку како се крие во хотелот „Свон“ во Хероугејт, Англија. Локален музичар ја забележал и ја препознал. Необично е што Агата се пријавила под името Тереза Нил од Кејптаун, позајмувајќи го презимето од љубовницата на својот сопруг.

Пресвртот во случајот бил шокантен за јавноста. Многумина сметале дека тоа е смислено за публицитет и реклама за најновиот роман „Убиството на Роџер Акројд“. Други претпоставуваа дека Кристи, вознемирена од семејната драма, сакала да му одржи лекција на сопругот. Некои спомнуваа самоубиствена депресија или, пак, остроумна шема да ги намести сопругот и неговата љубовница за убиство.

Самата Кристи многу малку зборувала за своето исчезнување. Ретко го спомнувала бизарниот случај во интервјуа, а не се спомнува ни во автобиографијата. Откако се вратила, таа рекла дека била во некаква несвесна состојба, во која влегла во сосема нов идентитет.
– Дваесет и четири часа скитав во сон, а потоа се најдов себеси во Хероугејт како задоволна и среќна жена која веруваше дека тукушто дошла од Јужна Африка – рекла Кристи.
Што точно се случило, досега не е откриено.

Nova Makedonia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1