Загинала само неколку моменти откако ја поставила ОВАА СЛИКА на Инстаграм!


Дваесетгодишната Езги Садет влегла во автобус заедно со своите пријатели и сите тргнале на југот од Турција, каде се нашле со останатите активисти. Само неколку моменти по оваа фотографија, насмеаната девојка загинала во терористичкиот напад кој однесе повеќе од 30 животи.ezgi

Езги ја поставила фотографијата на Инстаграм. Младата девојка тргнала во турскиот град Суруч, претежно населен со Курди, како би ја поддржала кампањата за обновување на сирискиот град Кобане, кој е уништен во граѓанската војна.

Непосредно пред терористичкиот напад таа ја објавила последната фотографија на која се смее заедно со колегите додека биле на пат за Суруч. Откако оваа фотографија била направена, екипата излегла од автобусот, кога следел терористичкиот напад.

Потсетуваме, во терористичкиот напад во Турција животите ги загубиле повеќе од 30 воглавно млади активисти кога бомбаш самоубиец активирал бомба пред Културниот центар во Суруч.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1