Мистерија и голем број неодговорени прашања го обвиткаа исчезнувањето на 78-годишниот Љубомир и неговиот син, 50-годишниот Сашо кои исчезнаа на планината Бистра. Од нив седум дена нема ни трага ни глас, последната прошетка се претвори во драма која за жал сеуште нема крај.
полицајци, припадници на Единицата за специјални задачи, претставници од месната заедница, блиски на семејството Мицевски, жители на селото, туристи, вработени во Националниот пар „Маврово“, членови на Граничната полиција и кучиња-трагачи деноноќно го пребаруваа теренот кој е доста тежок и непрооден. Во вторникот била прегледана секоја грмушка и секое место на планината, но синот и таткото не се пронајдени.
таткото бил пензионирано воено лице и според кажувањата, бил во одлична физичка кондиција, кому не му претставувало пречка да пешачи со часови. Синот бил поранешен полицаец. Двајцата со години го минувале теренот каде што исчезнале и практично го знаеле напамет. Биле вљубеници во природата, собирале шумски плодови. Во четвртокот тргнале по печурки… Дента, преку мобилниот телефон на татка си, Сашо неколкупати контактирал со сестра му Соња, која била во Скопје.
Најпрво и’ рекол дека паднале во бездна и побарале помош. Набргу потоа се премислиле, се јавиле дека се извлекле и оти ќе биде се’ во ред. Третиот пат се пожалиле дека се дехидрирани, изгубени и исцрпени, па пак побарале помош. На жителите на селото им кажале дека се на ливада обрасната со папрат. Мештаните добро го знаеле теренот, на ливадата немало никој. Бадијала пукале во воздух и ги довикувале… Последниот телефонски разговор е направен околу 22 часот, тогаш Сашо вели дека батеријата е испразнета, апаратот ќе се изгаси.
Сеуште се трага по таткото и синот.