Исчистете го снегот ако не сакате казни- 100 евра за неисчистен тротоар


Комуналните инспектори се на терен за да ги опоменуваат граѓаните навремено да ги расчистат тротоарите затоа што тоа е заедничка обврска.

mk sneg3

Според законот за јавна чистота граѓаните треба да ги расчистат тротоарите пред дуќаните и домовите шест часа по престанок на врнежите. По, првичните опомени општинските комунални инспектори ќе ги казнуваат сите оние кои нема да ги исполнат законските обврски и тоа 100 евра за правни лица и 50 евра за физички лица кои нема да го расчистат тротоарот или влезот пред трговските објекти или домовите.

Општинарите апелираат до граѓаните да си ги завршат законските обврски за да нема казнување. Воедно се молат сопствениците на моторни возила кои се паркирани на улиците истите да ги отстранат за да може општинската механизација да ги расчисти и сервисните улици“, апелираат од општината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1