Исидора Бјелица: Болеста напредуваше, ми даваат уште шест месеци


Исидора појасни дека нејзината здравствена состојба е влошена, дека резултатите на маркерите се лоши и дека докторите повеќе не се оптимисти кога е таа во прашање.10440901_1068151516528554_3976619623972946938_n-520x390

-Макотрпни се сите тие статистики и анализи. И кога и спротивставувате на болеста и ќе има подобрување докторите повторно ви даваат шест месеци живот. Тоа е агонија и мака со која живеам три години. Да ме затвореа во логор верувам дека подобро психички би ја поднела таа состојба отколку ова што го преживувам. Сега се смирив но не знам како човек можете сето ова психички да го издржи а да не полуди. Единствено понекогаш успевам да се одморам кога сонувам нешто убаво и во сонот немам рак – изјавила Бјелица за српски „Ало“.

Писателката Исидора Бјелица решила да ги израдува своите обожаватели со кои поради болеста не можела да се дружи оваа година на промоцијата на книгата „Сама“ и да ги награди со вредни турмалини.

Турмалин е полускапоцен камен кој емитува инфрацрвени зраци, негативни јони и алфа бранови, кои заедно поволно влијаат на човековото здравје. Ја подобрува циркулацијата, концентрацијата, ги релаксира нервите и мускулите, го прилагодува метаболизмот и го зајакнува имунолошкиот систем.

Во наредните месец дена секој коj на нејзиниот налог на Твитер сподели фотографија на која е подвлечен за него омилениот цитат од книгата, а на маргините со ракопис ќе напише порака зошто токму таа реченица му се допаѓа ќе биде во конкуренцијата да го понесе нејзиниот камен.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1