ИСИС на чекор до остварување на 1.400 години старото пророштво


Ќе дојде до војна која ќе се води кај местото Дабик, кое што е моментално под контрола на Исламската држава, против Рим кој што се смета за симбол на западот. Бунтовниците од таа војна ќе станат освојувачи на Константинопол, Цариград, односно денешниот Истанбул, стои во пророштвото.

Стручњакот за Блискиот Исток, др. Денис Драговиц, почесен член на Универзитетот во Мелбурн, за News.com изјави дека Исламската држава има амбициозен план за ширење во Африка, сè до Бангладеш во следните пет години, и приближување до остварувањето на 1.400 години старото исламско пророштво, а нивниот модус операнди е ширење на внатрешен страв помеѓу народите.PROROSTVO ISIS

– Тие не бараат долгорочно владеење, туку тежнеат кон колку што е можно побрза експанзија и поттикнување на нестабилност во земјите, што е клуч за нивниот досегашен успех, смета др. Драговиц, додавајќи дека единствено Исламската држава има корист од новонастанатата состојба во Турција.

Сирија и Ирак се токму совршениот пример за тоа. Ослабени од внатрешниот раздор и насилство, државите самите им дозволија на џихадистите да го шират својот самопрогласен калифат.

Насилството исто така би придонело да се воспостават упоришта на терористичките организации во Турција, со што би се направило значајно приближување кон остварувањето на 1.400 години старото исламско пророштво кое што вели дека ќе дојде до војна која ќе се води кај местото Дабик, кое што е моментално под контрола на Исламската држава, против Рим кој што се смета за симбол на западот.

Бунтовниците од таа војна ќе станат освојувачи на Константинопол, Цариград, односно денешниот Истанбул, стои во пророштвото. Истанбул кој што некогаш претставуваше средиште на христијанството, прерасна во исламски град после ширењето на Османлиското царство, односно после муслиманското освојување. Во модерното доба, Турција служи како пример за секуларна држава, но е сè повеќе вовлечена во исламскиот конфликт, односно во војната која што беснее во Ирак и Сирија.

Доктор Драговиц смета дека употребата на верски мотиви во водењето на надворешната политика, е елемент на кој што Западот се чини дека заборава.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1