ИСИС објави дека Џихади Џон е убиен


Екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) на една џихадистичка интернет страница ја потврди во вторникот информацијата дека британскиот радикален исламист познат како Џихади Џон загинал во напад со беспилотно летало во ноември.

Терористичката организација во изданието на онлајн списанието Dabiq објави проштален текст за џихадистот, чие вистинско име е Мохамед Емвази.djihadi djon

Американската армија објави кон средината на ноември дека извела воздушен напада во Сирија чија примарна цел бил борецот на Исламската држава, во медиумите познат како Џихади Џон, и оти е речиси сигурна дека тој е убиен во близина на Рака, главниот град на ткн „калифат“ на џихадистите во истоимената сириска покраина.

Во џихадистичкиот текст овој британски државјанин од кувајтско потекло се нарекува Абу Мухариб ал-Мухаџир, според неговиот прекар во редовите на Исламската држава и се потврдува американската верзија на настанот. Се потврдува дека загинал на 12-ти ноември минатата година „кога неговото возило го нападна беспилотно летало во Рака, уништувајќи го возилото и убивајќи го на самото место“.

Станува збор за џихадист кој учествува во повеќе брутални егзекуции на заложници, меѓу нив повеќето западни државјани, од кои снимки беа поставувано на екстремистичките видео ресурси.

Еден од главните ликови на снимките на коишто џихадистите им ги отсекуваат главите на заложниците, џелатот на сунитската џихадистичка организација Исламска држава (IS), идентификуван како Мохамед Емвази, или попознат како Џихади Џон, првпат во август 2015 година објави видео снимка на којашто го покажува своето лице. На видеот во траење од една минута, а снимено во Сирија, британскиот џихадист Мохамед Емвази, кој е осомничен за најмалку седум убиства на заложници на Исламската држава, вели дека ќе „продолжи со сечењето глави и триумфално ќе се врати во Велика Британија“.

Џихади Џон е маскираниот џихадист кој е еден од главните ликови на видео снимките на кои припадници на Исламската држава ги обезглавуваат заложниците, е Британец роден во Кувајт, кој потекнува од богато семејство, израснал во Лондон и дипломирал компјутерско програмирање на Универзитетот Вестминстер.

Името Џон на Емвази му го дале заложниците, бидејќи него и другите британски државјани во редовите на Исламската држава и нарекле „битлси“. Едниот од џихадистите од Велика Британија, е идентификуван како Џорџ.

Во британските медиуми минатата година беше објавено дека 37-годишниот Емвази тврдел дека припадниците на тајната британска служба MI5 се обиделе да го регрутираат. Потоа наводно се обидел да отпатува во Кувајт, но на заминување го задржале припадниците на британските тајни агенции за борба против тероризмот во 2010 година. Му било забрането да ја напушти земјата, меѓутоа конечно во 2012 година, сепак, изнашол начин да отпатува во Сирија.

Откако Емвази беше идентификуван од страна на британските и американските служби како сигурен егзекутор на американскиот новинар Џејмс Фоли во август 2014 година, неговото семејство во Лондон е принудено да живее во постојано криење. Познато е дека неговата мајка и пет други членови од неговото семејство се под постојана заштита на британската полиција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1