Исклучени најпопуларните странски канали во Македонија


Македонските кабелски оператори ги исклучија најгледаните странски канали во земјава, пишува Вест. Нешнл џеографик, Фокс лајф, Минимакс и уште неколку регионални канали се исклучени на барање на Агенцијата за медиуми откако утврдиле дека при реемитувањето во земјава, се емитуваат реклами и на македонски компании, што е спротивно на правилата, пишува Вест.

blizootrewq

„Не станува збор за притисок туку за почитување на закон и за меѓународно право. Се знае што значи реемитување, тоа е без никаква интервенција во програмата и во рекламите. Во договорот на кабелскиот оператор е дефинирано на кој јазик оди програмата, а на кој рекламите. На пример, во случајот на Минимакс, програмата треба да е на српски, а рекламите на романски. Така беше до пред десетина дена. Потоа почнаа реклами на српски. По укажувањето на Агенцијата, сите кабелски оператори го исклучија, освен еден, кој не сакаше да го прими решението”, вели за Вест Директорот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски.

Тој додава дека штом кабелските оператори го решат проблемот со рекламите, каналите ќе може да бидат вратени во етер.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1