Исклучените ќе настапуваат како пратеничка група под името ВМРО-ДПМНЕ со додавка


Седумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се исклучени од партијата откако гласаа за потребата за уставни измени во Собранието, во иднина во законодавниот дом ќе функционираат како пратеничка група.

Ова како што неофицијално дознава Плусинфо, било договорено на синоќешниот состанок на пратениците на кои, како што ни потвруваат, ќе им се придружи и пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија.

Се очекува пратениците, во новата пратеничка група да го поканат и пратеникот Панчо Минов од ГРОМ кој, како реакција на разрешувањето на Митко Јанчев од потпретседателската функција на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе ја напушти „Коалицијата за подобра Македонија“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1