Искршен штабот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид (Фото)


Непознат стрител ноќеска со камен ги искшил стаклата од влезната врата и прозорите од седиштето на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Случајот бил забележан утрово, по што партијата го пријавила во полицијата, јавува OhridNews.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAПретседателот на општинскиот комитет, Атанаско Михаилов најостро го осуди синоќешниот вандалски чин и како што рече, начинот на кој се поттикнува или манифестира политичката борба во државата.

Би сакале да изразиме длабока разочараност од насилниците кои на ваков начин сакаат да предизвикаат политички тензии кои во минатиот период ги намаше во Охрид. Бараме од надлежните институции во најкраток можен рок да го разрешат случајот и виновниците да бидат казнети, рече Михаилов.

Михаилов истакна дека партијата нема индиции кој стои зад синоќешниот напад на седиштето и дека нема да се впуштаат во шпекулации околу мотивите и сторителите на вандалскиот чин, оставајќи на надлежните органи да ги пронајдат сторителите .

Екипа при СВР Охрид утрово, веднаш по пријавувањето на случајот изврши увид на местото на настанот.

Фото – OhridNews

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1