Искршени и ограбени десетина возила во подземна гаража во Скопје


Зесега група од непознат број сторители во подземните гаражи во станбениот комплекс „Гранд Престиж“ изминатава ноќ обиле повеќе од десет возила, а интересно е што крадците се определиле за поситни предмети, односно она што можеле брзо и лесно да се одземат, при тоа оставајќи значителна матерајална штета.

Обивањето се случило најверојатно во раните утрински часови, бидејќи според сведочењето на еден од оштетените, тој своето возило го паркирал во гаражата околу 1,30 часот по полноќ кога не забелажал никакви знаци на насилство на автомобилите паркирани веднаш до неговиот.

Според она што екипата на НетПрес можеше да го забележи на самото место, оштетени се најмалку петнаесеттина приватни автомобили. Сите се обиени на идентитечен начин со обивање на ветробранското стакло, по што видливи се траги од пребарување во внатрешноста на возилата.

Сопствениците на автомобилите, меѓу кои не биле поштедени ниту полускузните модели ниту поевтините, изјавија дека претежно недостигаат поситни предмети и уреди како очила за сонце, помали суми пари кои ги оставиле во касетите од своите возила и други помали предмети.

Од она што можеше да се забележи на местото на настанот, а што неофицијално според првичниот увид го забележаа полициските инспектори кои пристигнаа во меѓувреме, најверојатно крадците првично „оперирале“ на првото ниво од подземните гаражи во нселбата Тафталиџе. Но се претпоставува дека биле попречени од жител на комплексот кој сакал да го паркира своето возило, па се симнале на второто ниво каде што очигледно непречено ги обивале автомобилите.

Разбирливо, засега скопската полиција нема официјални податоци, ниту процена на штетата, а увидната екипа се уште е на теренот.

Како што дознава НетПрес, последниов месец дена сличен обид за провала во подземни гаражи се сличул и во скопската населба Капиштец. Во населбата Кисела Вода, пак, пред неколку седмици обиени се десетици подруми и гаражи во еден блок, но интересно е што жителите не пријавиле дека нешто им недостига, односно изјавија дека се обиени само влезните врати од просториите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1