Заев во Брисел се сретна со Туск и Могерини


Македонскиот премиер Зоран Заев во рамки на првата официјална посета на Брисел, поладнево се сретна со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и со високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Федерика Могерини.

Заев, придружуван и од вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров. во Брисел треба да се сретне и со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, а потоа во седиштето на НАТО и со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Еврокомесарот Јохане Хан, денеска на прес-конференција во Брисел, одржана пред неговата средба со Заев, рече дека земјата конечно ја надминала политичката криза и дека главна тема во разговорите со Заев ќе бидат Итните реформски приоритети.

– ПЈРМ конечно, со продолжена поддршка на ЕУ, ја надмина политичката криза преку фер избори и формација на нова Влада и сега се надеваме дека ќе се вратат на дневно-политичката рутина. Денеска со премиерот Заев ќе разговарам за имплементација на Итните реформски приоритети, порача кратко Хан на прес-конференција посветена на случувањата на Западниот Балкан.

Пред посетата премиерот Заев, прес-службата за информирање на Владата, соопшти дека целта на првата посета на Брисел по преземањето на должноста е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира реформските приоритети во владината агенда за враќање на државата на патот на евроатланските интеграции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1