Исламисти го киднапирале поранешниот телохранител на Зоран Ѓинѓиќ, Срѓан Бабиќ, јавува српски Телеграф. За него не е баран откуп во пари, ниту пак е обвинет за некое казниво дело.
Поранешниот телохранител Ѓинѓиќ, Бабиќ наводно веќе пет месеци е заробен во Либија.
„Тој е во тешка состојба. Вели дека ослабел 20 килиграми и дека 5 месеци нема видено сонце. Прво ме праша зошто е заробен. Не знаев што да му кажам бидејќи ниту јас не знам“, пренесува Телеграф изјава на неговата сопруга.
Kонтакт со семејството на Бабиќ му бил овозможен пред два дена.
Бабиќ на јавноста во Србија е познат како човек кој на една од снимките по атентатот врз Ѓинѓиќ запира автомобили како смртно застреланиот премир брзо би бил пренесен во Ургентниот центар. По убиството работел во министерството за внатрешни работи на Србија, од каде е отпуштен по смената на Горан Радосављевиќ.
Во Либија работел како тим лидер во француската компанија „АСП“ која се занимава со набавка и логистичка поддршка на дипломатските мисии, меѓународните организации, како и на нафтените компании, а работел и во фирма која пружала безбедносни услуги на нафтената компанија ЕНИ во Либија.