Исламисти во БиХ планирале терористички напад на 31 декември (ВИДЕО)


Членовите на групата радикални исламисти, кои беа уапсени оваа недела во Сараево планирале смртоносен напад во градот на 31 декември со цел да убијат колку што е можно повеќе луѓе, изјави босанскиот државен обвинител Дубравко Кампара.terorist saraevo policija

Обвинителството одлучи вчера да побара едномесечен притвор за осуммина од 11 лица, кои беа уапсени на 22 декември. Државниот суд денеска го прифати тоа барање.

Кампера објаснувајќи го барањето за притвор изјави дека првпат имало потврдена информација за планиран терористички напад ноќта спроти Нова година.

Според него има докази, кои покажуваат дека уапсените планирале напади, со кои би можеле да убијат над сто лица.

Уапсените планирале да постават експлозив под полициски автомобил на место, каде се собираат многу луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1