ВИДЕО: СРБИН КОЈ 15 ГОДИНИ СЕ КРИЕ ВО ШУМА – ЗА МАЛКУ ПРОГЛАСЕН ЗА МРТОВ!


Александар Пириватриќ 15 години е заборавен од сите, во длабочината на шумата меѓу Чешка и Германија. Сакаа да го прогласат за мртов. Никој незнаел каде е. Последен пат го виделе како исчезнува во шумата, но новинарите на српски Телеграф го пронајдоа.Aleksandar1-735x400

-Секој ден гледав човек со ранец на грбот, тенко облечен како забрзано се движи. Кога го застанав, тој совршено зборуваше чешки, а потоа кажа дека е Србин. Не изгледаше како бездомник – звучеше многу образовано. Тогаш сфатив дека тоа е познатиот орален хирург. Сакав да му помогнам. Рече дека навечер можам да дојдам во шумата, преку ден дека не бил таму. И така за прв пат, низ темницата, чекорев по кал во длабоката шума, а потоа стигнав до местото каде што живее Александар – раскажа Петар Слива, Чехот кој го откри Србинот во шумата и кој веќе една година му носи храна.

Екипата на Телеграф заедно со Петар стигнале до Александар, за да се обидат да му помогнат.

Петар им рекол да бидат тивки за да не го вознемират.

Александар од 1999 се крие од луѓето, без вода, струја …

-Живеам во шумата долго време. Преку ден пешачам, бидејќи овде има војници и несакам да ме видат, незнам како ќе реагираат. Затоа секој ден пешачам, можеби поминувам и по 20 километри. Јадам храна од контејнер, што најдам и ако некој нешто ми даде – раскажа Александар, кој е во Чешка од својата 9та година.

За него никој ништо незнаел додека еден ден не стигнал меил на адресата на српската амбасада во Прага.

-Неодамна Чехот Петар Силва пратил меил во кој ги известил дека нашол српски граѓанин, некогашен стоматолог, кој нема никакви документи. Тоа беше светлото во мракот на тунелот, бидејќи сето тоа време се обидував да го најдам, но безуспешно – кажува Стефан Томашевиќ, конзул во српската амбасада во Прага, за српски Телеграф.

Александар според податоците на српската амбасада на 9 години се преселил во Чешка со мајка му. Во Прага завршил основно и средно училиште, а потоа и Стоматолошки факултет. Работел во клиниката “Мотол“ како стоматолог. Но, кога бил префрлен во Теплице, неговиот живот се променил.

-Мајка му починала, а потоа останал и без работа. Бидејќи немал чешко државјанство е исфрлен на улица од државниот центар. Од тогаш води витка со голиот живот. Во еден момент во Србија се покренала постапка да се прогласи за мртов, но за среќа, барањето било одбиено – објаснува конзулот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1