Исламистите војуваат со американско и оружје од поранешна Југославија (ФОТО)


За скапото оружје и воена техника кои џихадистите во текот на летото ги запленија од војската на Ирак веќе поприлично се пишуваше. Екстремистите, повеќе припадници на Исламската држава на Ирак и Сирија која потоа прогласи калифат, по социјалните мрежи се фалеа со својот богат плен: од американските повеќенаменски возила хамви, до тешка артилерија и хаубици, пишува Базфид.

Многу помалку внимание му се посветува на оружјето кое на џихадистите, кои го продолжуваат својот поход во делови од Ирак и Сирија, најверојатно им е најкорисно: малото оружје, како јуришни пушки и пиштоли, кои им се потребни на сите борци.isis-630x354

За да утврдат какво оружје користи ИС, експерти на британската компанија Конфликт армамент рисрч, Демиен Сплитерс и негови колеги во јули ја посетиле Сирија. Од 17 парчиња од списокот на оружје што ИС го користи во Сирија, шест се од американско производство. Од тие шест, пет се најверојатно од резервите кои ИС ги запленија во Ирак а кои САД ѝ ги испорачале на американската војска во рамки на програмата за вооружување и обука на ирачката војска вредна повеќе милијарди долари.

Експертскиот тим дошол до уште едно важно откритие: ИС поседува и моќни противтенковски ракети произведени во поранешна Југославија! Како што се дознава, ракетите на сириските бунтовници во 2013 година им ги испорачувала Саудиска Арабија, еден од главните поддржувачи на ИС и сојузник на Американците.isis2

На фотографиите е американското оружје – како и противтенковските ракети – кои Сплитерс и неговиот тим го нашле меѓу резервите оружје запленети од ИС во Сирија.

Јуришна пушка М16А4 од американско производство запленета од ИС кај Кобани, на северот на Сирија. Следните три пушки М16А4 биле запленети од ИС во планините Синџар, на северот на Ирак. Обидот на ИС да извшри масакр врз малцинските Јазиди во околината на Синџар ги забрза американските воздушни напади врз терористичката организација.or-1728x800_c

Сплитер истакнал дека пушките произведени во САД користат муниција со димензија 5,56х45 мм, која ретко се наоѓа во Сирија. Сите запленети пушки се од американско производство, од познатата американска фабрика за оружје Бушмастер фајерармс интернешнал.

Полуавтоматскиот дизајн укажува дека оружјето било набавено на цивилниот пазар, па тешко е да се утврди неговото потекло.

А тука се и противтенковските ракети од поранешна Југославија кои од ИС ги заплениле курдски борци во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1