Турците најбројни туристи во земјава


Турците биле најмногубројни странски туристи што ја посетиле Македонија, по нив  следуваат Србите, Холанѓаните, Полјаците  а потоа  Грците.

Бројот на странците што дошле во земјава во јули пораснал за 9,9 отсто споредено со истиот месец лани, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика. Skopje plostad

Според статистиката, во земјава дошле 6.913 туристи од Турција, од Србија 5.742, Холандија 4.067, Полска 3.744 и од Грција 2.761 турист. Во овој период се остварени 478.911 ноќевања, кои во споредба со јули лани бележат намалување од седум отсто.

Бројот на домашните туристи во јули во споредба со ланскиот јули е намален за 14,1 отсто, а ноќевањата на домашните туристи бележат пад од 10.8 отсто. Странските туристи, пак, оствариле за 4,8 отсто повеќе ноќевања отколку лани.

За периодот од јануари до јули бројот на туристите е зголемен за 3,1 отсто, при што имало помалку домашни и повеќе странски гости. Kај домашните има намалување од 2,5 отсто, а кај странските зголемување за 7,2 отсто. За истиот период бројот на ноќевањата е намален за 0,7 отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1