Исламската држава со правила за христијаните


Џихадистите од Исламската држава издале 11 правила за христијаните кои живеат во сирискиот град Ал Каријатаин, кој е под контрола на терористичката група. Правилата се дел од договорот и треба да ја гарантираат безбедноста на заробените христијани.

Набљудувачите од сирискиот огранок на Организација за заштита на човековите права, наведуваат дека џихадистите им поставиле ултиматум на христијаните кои живеат во овој гра, на југоисток од покраината Хомс.Isis teroristi

Тие можат да бираат дали ќе преминат во ислам, да потпишат договор и да плаќаат данок за немуслиманите или да го напуштат градот.

Безбедносниот договор кој го состави лидерот на џихадистите Абу Бакр ал Багдади се состои од 11 конкретни барања коишто мораат да ги почитуваат сите христијани кои одлучиле да останат во градот.

Ним им се забранува да основаат црква, истакнување на христијански симболи, рушење на Исламската држава, поседување на оружје и трговија со свињи и вино.

Џихадистите објавиле серија фотографии коишто покажуваат дека десетици христијани избрале да потпишат договор и да плаќаат данок, а исламистите набрзо ги добиле и парите кои ги барале, објавува Раша тудеј.

Џихадистите ветиле дека ќе ги заштитат имотите на христијаните, кои не мора да преминат во ислам и ќе останат безбедни, навела групата. Оние, пак, кои нема да ги исполнат условите од договорот, ќе бидат третирани како борци против ИС.

Ал Каријатаин има околу 40.000 жители, вклучувајќи и сунитски муслимани и христијани. Градот е од стратешко значење за џихадистите бидејќи го поврзуваат градот Палмира со подрачјето Каламуна.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1