Исланд ќе менува име?


Oстровската земја  Исланд, има многу да понуди, но туристите je избегнуваат бидејќи нејзиното име го поврзувале со студ и лед. Токму поради тоа Туристичката заедница одлучила да и го промени името.

Отворила сајт www.inspiredbyiceland.com на кој може да се предложи ново име.

Тие сметаат дека на тој начин ќе привлече многу туристи . досега меѓу предлозите се “Niceland” (добра земја), “Danceland” (Земја на танцот ), “Dreamland” (Земја од бајките), “Spaceland” (вселенска земја), “Jump For Joy Land” (Земја каде скокаш од радост), “Catch-A-Cloud Land” (земја фати го облакот), но има и предлог “OMGWTFland”.

Конкурсот трае до 21. март кога групата за економски развој на Исланда ќе го избере победникот.

Исландскиот парламент нема обврска да го промени името, но не е ниту исклучена можноста да расправа за тоа прашање.

Инаку Исланд не го добил името поради студот и ледот, туку викингот Флоки Вилгероарсон кој според легендата е меѓу првите кои дошол на островот го нарекол Исланд (Iceland: ice – лед, land – земја), за да би ги обесхрабрил луѓето да го населуваат во голема мера.

Инаку низ светот познати земји кои си го промениле името се – Родезија стана Зимбабве, а Британски Хондурас сега е Белизе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1