Исмајлоска Старова најави формирање на посебна пратеничка група


Пратеничката Нола Исмајлоска Старова најави дека е возможно формирање на посебна пратеничка група која ќе делува независно од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ на која таа до неодамна припаѓаше, но беше исклучена од партијата откако гласаше за промена на Уставовот.

Старова во емисија на ТВ 24 рече дека пратениците кои се исклучени од ВМРО ДПМНЕ имаат потреба да придонесуваат и натаму политички во Собрание на РМ и е сосема извесно дека тоа може да го прават преку посебна пратеничка група.

Осум опозициски пратеници изминатиот петок дадоа поддршка на процесот на уставни промени заради имплементирање на Договорот со Грција.

Седум од нив беа членови на ВМРО ДПМНЕ, сега сите исклучени од партијата. Излегување од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ најави и пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов, коалициски партнер на оваа партија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1