ИСПОВЕД: Како проститутка заработував 13.000 евра од вечер


Се занимавала со елитна проституција и добивала многу скапи подароци. Заработувала дури и до 13.000 евра од вечер. Токму таква била младоста на 47- годишната Дениз, а ова е нејзината исповед.

Нејзината приказна започнала на класичен начин. Имала сиромашно детство кое го поминала во Њукасл и силна желба за добар изглед, па направила операција на градите со парите што ги заработила макотрпно работејќи во продавница.

1deniz

– Пронајдов агент па почнав да позирам за магазини, календари. Успехот не дојде веднаш, но во своите рани 20-ти сепак бев многу позната, па заминав во Лондон. Таму имаше голем број девојки од северна Англија,а меѓу нив беше Хедер Милс. Сите се грижевме една за друга, раскажува Дениз.

Другите девојки исто работеле како манекенки, но забележала дека дел од нив се полни со пари. Открила дека работат како ескорт дами и набрзо и самата влегла во тој свет. Се качила во авион за Мадрид со милијардер и трговец за оружје Аднан Кашогиј.

– Отидовме на Канарските острови каде организираше раскошни забави. Беше прекрасен кон мене и ништо не ми изгледаше лошо. Ги жалев девојките што се принудени да го продадат телото за пари, ова беше поинаку, раскажува правдајќи се Дениз.

– На крајот ќе ни дадеа 10.000 фунти, или нешто помалку од 13.000 евра, толку заработуваше татко ми годишно. Така му помагав на семејството. На мајка ми и купив куќа, а на татко ми стан. На баба и дедо им земав автомобил, наведува Дениз притоа додавајќи дека нејзините најблиски не знаеле со што се занимава.

Дениз излегла од проституцијата кога се заљубила во Тони Пиџлиј и започнала со него врска, која се крунисала со ќерка, за жал следувал болен развод, па морала да се врати на стариот занает за да ги финансира судските трошоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1