Мистериозна светлост му претходи на земјотрес – еве за што се работи


Веќе стотини години луѓето приметувале необичен феномен кој претходел на големи земјотреси. Се работи за мистериозна светлина која доаѓала од гребените и планинските врвови.

earth2-620x250Извештајот за оваа појава научниците на почетокот воглавно ја отфрлале, а една од причините за тоа, е што често зад ваквите тврдења, излегувале ненаучни теории, како оние дека светлото било емитувано од страна на НЛО. Но, најновото откритие покажува дека светлото не било плод на халицунација и измислици!

earthquake (1)Светлото кое доаѓало пред земјотресот е реален феномен, но не е дело на НЛО, вели истражувачот Роберт Тхериаулт, геолог во Министерството за природни ресурси во Канадски Гуебецу. „Тоа би можело да биде научно докажано“, вели Тхериаулт, а го цитира списанието Nature.

Во студијата која е објавена во изданието за јануари/февруари, во Seismolofical Research Letters, колегите на Тхериаулт, сумирале веродостојни извештаи за сведоштвата на ваквата светлост од 1600 година до денес и наишле на необична сличност.

Така 63 од 65 документирани случаи, покажале дека зраците од светлината биле целосно вертикални – така тврделе сведоците, односно очевидците. Научниците објаснуваат дека сето ова може да се објасни.

earthquake-lights-thought-to-be-ufos-have-earthly-explanations-e1388879087234Имено кога камењата пред земјотресот ќе се удреле еден во друг, тоа предизвикувало електрично празнење кое може да отиде над површината на земјата и да стигне до атмосферата каде може да предизвика светлина.

Имено со удирањето на камењата се формира таканаречена дупка, која е докажано дека постои од 2003 година. Оваа дупка е исполнета со позитивен електричен набој и може да се движи вертикално. Меѓу веродостојните извештаи за појавата на светлината пред земјотресот, се наведува и случајот во 2007 година во осмиот месец кај брегот на Перу, како и во Италија во 2009 година. Научниците се надеваат дека ова откритие би можело да помогне кога станува збор за предупредувањата при надоаѓањето на земјотресите, со што би можело да се намали штетата и да се спасат човечки животи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1