Исповед: “Ме силуваа врз мртвото расечено тело на мојот сопруг” (Видео)


Страшните приказни за тортурата и теророт на силуваните жени во Конго не се ништо невообичаено, ако се земе во предвид дека оваа држава е прогласена за светска престолнина на силувањето, а градот Минова е самото јадро на морничавите приказни.

Овој град е познат по масовното силување на стотина жени од страна на тамошните војници, но злоставувањата ги спроведуваат и одбранбените и безбедносните сили на оваа земја, како и вооружените бунтовници.kongo1-630x417

Истрагата на Обединетите Нации открила дека војниците силувале најмалку 97 жени и 33 девојчиња, од кои што некои имале само шест години. Но, тамошните жители тврдат дека хоророт не е завршен, односно дека силувањата и понатаму се случуваат.

Камерата на ”Sky News” успеала да сними дел од атмосферата во прифатилиштето за жртвите на силување, основано од страна на Ребека Масика. Таа самата има две деца кои што ги добила како резултат на силувањето, па таа најдобро знае како е да се биде жртва.

“Доколку го погледнете моето лице, ќе видите лузни, а истите ги имам по целото тело. Морав некако да им помогнам на овие жени затоа што и јас самата сум жртва на силувањето. Ме натераа да гледам како мојот маж го сечат на паричиња, а потоа ме силуваа врз неговото мртво тело”, се присетила Масика на грозоморниот чин.

Една од девојките во собата, забележливо бремена во поодминат стадиум, на десниот зглоб имала отворена рана. Станува збор за шеснаесетгодишната Ануарита, која и самата е дете. Нејзе бунтовник ја силувал неколку пати во текот на нејзината четиримесечна заложничка агонија.

Покрај оние видливите, младата Анаурита има и внатрешни повреди: “Не одведуваа во грмушки и оние кои одбиваа секс, ги присилуваа со убоди од нож. Убија многу девојки. На некои им испукуваа куршуми во вагините”, се присетила несреќната тинејџерка.

Силувачите во униформи ја нападнале дури и куќата од која што Масика направила засолниште. Сите овие жени останале без покрив над главата откако, по силувањето, биле протерани од заедницата од страна на нивните семејства.

Во прифатилиштето, покрај силуваните жени, се наоѓаат и бројни новородени деца, односно цела генерација на бебиња кои се плод на грозоморните злосторства.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1