Бели дрообови од пушач користени при трансплантација ги зголемиле шансите за преживување!


Речиси половина од употребените бели дробови при трансплантација припаѓале на лица кои спаѓаат во категоријата тешки пушачи, а секои петти бели дробови доаѓале од донор кој пушел по најмалку 20 цигари дневно во последните две децении од животот. Спротивно на општо прифатеното верување дека пушењето убива и го уништува ткивото на белите дробови, научниците се нашле на мака бидејќи трансплантираните бели дробови од пушачи покажале подобри резултати и даваат повеќе шанси за преживување на нивните нови сопственици. Во неможност на рационално објаснување кое не се коси со антипушачката кампања, се создаваат речиси неверојатни сценарија  зошто белите дробови од пушачи се подобри од оние добиени од непушачи.belidrobovi.1

Кога во 2012 година излегла студија во еден од  најпознатите медицински магазини кој припаѓа на Медицинскиот факултет во Стендфорд, биле предизвикани неверојатни реакции во јавноста бидејќи луѓето почнале да сфаќаат дека она што го презентира медицината не е многу основано врз факти.

Всушност магазинот „Scope“ објавил извадоци од неколку студии во кои се покажало дека белите дробови од пушачите даваат поголема шанса за преживување на пациентите на кои им се пресадени, земајќи предвид дека според официјалниот став на медицинските експерти пушењето е опасно по живот.

Според податоците на Американската национална агенција за трансплантација на органи, од 1800 трансплантирани бели дробови во 2011 година, речиси половина од нив им припаѓале на тешки пушачи. Следењето на статистичките податоци од страна на истата агенција покажало дека 40 отсто од пациентите кои добиле бели дробови од пушач живееле подолго од 10 години додека во вториот случај само 30 одсто од пациентите кои добиле бели дробови од непушач го доживеале истиот период.pusenje44

За пациентите врз кои е извршена трансплантација на бели дробови најопасна е првата година по операцијата бидејќи телото во овој период има големи проблеми со прифаќање на новиот орган, но дури и во овие случаи белите дробови на пушачите се покажале како поприфатливи за новиот сопственик.

Ерин Алдеј открила дека 55 отсто од пациентите со нови бели дробови успеваат д преживеат првите пет години, но според податоците на болницата „Bay Area“ во Сан Франциско првите години ги преживеале дури 75 отсто од пациентите иако добиле бели дробови од пушач.

Индепендент објави податоци од Велика Британија во кои е покажано како белите дробови од пушач имаат подобри перформанси од оние на непушач и дека во некои случаи даваат подобри шанси за преживување на новите корисници.

Хирургот Андре Симон бил искрен кога рекол дека повеќе се барале белите дробови на пушачи поради нивната различност, но иако на почетокот се мислело дека тоа не е добра идеја со тек на време се покажало дека нема никакви причини за загриженост.

Симон додал дека дури и белите дробови на тешки пушачи даваат исти па дури и подобри можности за преживување по операцијата, и дека тој не знае зошто е тоа така.

Иако поголем дел од лекарите и научниците го делеле мислењето дека бели дробови им се пресадуваат најмногу на пушачи, податоците покажале дека најголем број интервенции со трансплантација на бели дробови биле извршени токму кај непушачи кои здравјето на белите дробови го изгубиле поради цистична фиброза и хронични пулмонарни опструкции, додека дарителите пушачи главно го изгубиле животот во несреќни случаи и сообраќајки.

Професорот Сир Магди Јакуб, научник кој прв направил трансплантација на срце на подрачјето на Велика Британија од 2007 до 2013 година водел темелно истражување во уделот на трансплантираните бели дробови од пушач и дошол до неверојатни податоци.

Од десната страна се наоѓаат здрави бели дробови, ткивото на левата страна сигурно сте имале прилика да го видите и мислите дека тоа се бели дробови на пушач, но всушност станува збор за заболени рударски бели дробови или „болест на црни дробови“.

belidrobovi.2

Во заклучокот на студијата стои дека 77,7 отсто од пациентите во Велика Британија и Северна Ирска со трансплантирани бели дробови од непушачи ја преживеале првата година, додека пак истиот тој период го преживеале речиси 91 отсто од пациентите кои добиле бели дробови од пушач. Неверојатно е тоа што луѓето кои добиле бели дробови од пушач помалку време биле на интензивна нега и дека многу побрзо закрепнале по операцијата.

Оваа студија е објавена во медицинското списание под насловот „Annals od Thoracic Surgery“, но научниците кои давале свои коментари за истата студија сметале дека ваквите бројки се само случајност, и дека пациентите кои добиле бели дробови од пушач најверојатно имале подобри шанси за преживување врз индивидуална база.

Андре Симон на крајот додал: „Иако е чудно што белите дробови од пушач не покажуваат полоши резултати од оние на непушач, исто така тие не покажуваат и зголемен број на развување на канцерогени заболувања, но најверојатно до таквата состојба се доаѓа поради престанување со пушењето и залекувањето на белите дробови“.

 

Share Button
Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1