За неверување: Починал од убод од нож зададен пред 55 години?!


Овој случај, кој навидум му пркоси на здравиот разум, сепак има свое објаснување. Според пишувањето на New York Times, аутопсијата на 97-годишниот Антонио Чикарело, покажала дека старецот починал од повреда нанесена со нож во далечната 1960-та година.

Иако настапила дури 55 години после нападот, смртта на овој старец е квалификувана како –убиство.g_noz

Овој случај, кој навидум му пркоси на здравиот разум, сепак има свое објаснување.

Според пишувањето на New York Times, аутопсијата на 97-годишниот Антонио Чикарело, покажала дека старецот починал од повреда нанесена со нож во далечната 1960-та година.

Во извештајот на патологот се наведува дека компликациите на цревната оклузија биле „предизвикани од абдоминална хернија како последица на длабока лапаротомија (абдоминална инцизија) направени при лекување на убодна рана“.

Станува збор за повреда нанесена со ладно оружје од страна на друга личност, што значи дека е убиство, заклучил патологот.
Секоја година, њујоршката полиција бележи неколку вакви случаи, но случајот на Чикарело е посебен поради тоа што ги руши сите досегашни временски рекорди.

Откако било утврдено дека Чикарело бил убиен, њујоршките детективи биле принудени да отворат истрага иако немале ниеден доказ, ниеден сведок, ниту најмала трага.

Со оглед на тоа што не знаеле ниту во која болница била однесена жртвата после ранувањето, полицајците се обиделе да ги најдат колегите на Чикарело од времето кога бил домар во една зграда на Петтата Авенија.

„Проблемот е во тоа што повеќето се мртви. Сите овие години живеел без никакви проблеми и сега тоа одеднаш е убиство“, се пожалил полицаецот на кого му била доверена истрагата.

Што се однесува до убиецот, тешко е да се замисли дека се уште е жив. Ќерката од Чикарело била убедена дека тој веќе не е меѓу живите.

„Тој е мртов. И тоа одамна мртов“, рекла таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1