Исповед на 17-годишно девојче: Секој ден ме силува различен џихадист


Судбината на 17-годишната Мајат, член на Јазидите је пренесува италијанскиот весник „Република“.

Мајат, која зборува англиски добила дозвола од нејзиниот киднапер да ја раскаже својата приказна но само затоа што на тој начин ќе ги повреди нејзините родители и припадниците на нејзиниот народ. Таа најпрвин ги замолила новинарите да не го објавуваат нејзиното вистинско име, при тоа признавајќи дека се срами од она кое џихадистите и го направиле.siluvanje

– Дел од мене сакаше да умрам, да исчезнам под земја. Но дел од мене и понатаму се надева дека ќе бидам спасена и дека ќе можам уште еднаш да ги прегрнам моите родители, признала Мајат.

Таа и уште 40 девојки и жени членови на Јазидите биле киднапирани од ИСИС и се во заложништво во непознат град, а се проценува дека сите се на возраст од 12 до 30 години. Ги чуваат вооружени чувари.

– Што ми прават? Срам ми е да кажам на глас. Не знам како да ја објаснам тортурата низ која проаѓам, изјавил Мајат.

Според нејзиното сведоштво, во куќата постојат “три соби на стравот” во кои мажите ги силуваат и матретираат жените. Понекогаш силувањата траат и по цел ден.

– Не третираат како робови. Секој ден не даваат на нов маж. Некои од нив доаѓаат директно од Сирија, раскажува Мајат. Според извештајот на Amnesty International, ИСИС во освојувачкиот поход во северен Ирак и Сирија заробил илјадници жени и деца.

– Ни се закануваат дека ќе не нокаутираат доколку пружаме отпор. Но, многу пати сум посакала да ме претепаат до смрт. Но, тие се кукавици! Ни тоа не го можат! Многу од жените посакуваат да се самоубијат, а оние најмладите не изговарат ни збор. Понекогаш ми се чини дека ова никогаш нема да заврши. А ако заврши никогаш нема да можам да го исфрлам од глава хоророт кој ги преживеав, додала таа.

-Ми го убија телото, а сега ми ја убиваат и душата!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1