Мајка, татко и три деца пронајдени мртви (ВИДЕО)


Во близина на австралискиот град Локхарт, оддалечен 535 километри југозападно од Сиднеј во една куќа вчера попладне се пронајдени тела на мајка и три деца, додека под браната во близина е извлечено тело на маж со пиштол во рака, за кој се претпоставува дека е таткото на ова семејство.kuk.jpg500

Деца на возраст од десет, осум и шест години се пронајдени со прострелни рани во куќата, додека телото на нивната мајка 44 годишната Ким Хант исто така убиена со огнено оружје е најдено зад куќата.

Претставникот на локалната полиција Боб Нобл истакнува дека нема основа да се претпостави оти има уште некоја личност вмешана во овој случај, но не сакал да ги коментира гласините дека е пронајдено и писмо од самоубиецот.

Се уште не може да се претпостави што би можело да биде причината за оваа семејна трагедија. Истрагата е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1