Милица В, 25-годишна девојка од Србија, си ја отвори душата и раскажа дека најдобриот секс во животот го имала со мигрант, кој дошол во нејзината земја со бранот мигранти и дека е многу подобар од Србите со кои до сега имала односи.
Милица пред две години се запознала со црнец додека била на студии. Вели дека е една од првите девојки кои легнале со црнец и не се срами од тоа. Тогаш поради тоа сите ја нарекувале “чикита негра”, а расистите ја избегнувале и неа од друштво.
Според неа, сега истите негодуваат и за азилантите, мигрантите и бегалците кои дојдоа на Балканот. И додека сите ги одбегнуваат или не прават ништо за да им помогнат, Милица без влакна на јазикот открива дека спиела со еден од нив.
– Го запознав во ресторанот каде што работам. Се наоѓа во близина на автобуска станица. Тука секојдневно има многу гужва, доаѓаат многу луѓе, но секој си ја плаќа сметката, па дури и остава бакшиш. Не се сите сиромашни и бедни како што се верува, има и богати и образовани, вели таа за српскиот Телеграф.
Тахир кој инаку е мигрант, секојдневно доаѓал во ресторанот каде работи таа. Постојано ја гледал, па и паднал во око. – На почетокот забележав дека ме гледа, но немав симпатии кон него. И порано имав момче црнец и ми беше одлично. Тој е тука веќе еден месец. Се плаши да не го убијат на граница, но тука е сеуште за мене.
Поради мене не си замина за неколку дена како сите, додава таа и вели дека луѓето погрешно разбираат и имаат предрасуди. – Ги гледаат како шугави, како болни, како да не се луѓе. Тие се само помалку среќни и поразлични од нас. Тој е културен, фин со манири. Луѓето зборуваат а не знаат ништо, вели таа.
Според неа, се додека е среќна и се чуствува одлично не и е грижа што ќе кажат другите луѓе. – Ма да ви кажам, какви Срби. Со него го имам најдобриот секс. Подобар е од нашите, низ смеа вели таа.