Исповед на двајца од уапсените џихадисти кои се бореле во Сирија


Во затемнета просторија и на непозната локација во Сирија, двајца џихадисти од Македонија го раскажаа својот пат, ангажман и како што велат самите, ужасот на сириските боишта во оската на злото.

Другиот 23. И двајцата четири години се бореле на страната на злогласената Исламска држава, пред да паднат во рацете на силите на Курдската милиција. Интервјуата се дадени за сириската агенција АНХА во рубриката насловена „Исповеди“, датираат од лани и најверојатно се направени во еден од затворите во Северна Сирија. Велат дека биле инспирани од Светата војна, а не од парите, а патот до боиштата е добро организиран и речиси секогаш води по маршруатата Скопје-Истанбул-Газиантеп – Џараблус, град кој е првата станица на сирискиот фронт.

-Од Македонија сум. Во Сирија заминав во октомври 2013-та година. Прво бев во градот Тил Рифат. Таму минав 20 дневна обука, која вклучуваше и воени вежби и верски часови. Се борев против силите на Курдската милиција и против Слободаната сириска армија. Во Сирија и се женив и имав две деца, вели поранешниот припадник на ИСИС од Македонија.

– Со активностите на ИСИС се запознав на интернет. Потоа почнав да вршам пропаганда меѓу младите во Македонија, зашто верував дека се бориме во името на Исламот. Им помогнав на многумина од Македонија да стигнат во Сирија. По повеќемесечна обука, станав одговорен на исламската милиција во Џараблус, вели поранешен припадник на ИСИС од Македонија

Канал 5 го знае, но од безбедносни причини одлучи да не го објави идентитетот на овие борци. Нашите информации упатуваат на тоа дека и двајцата најверојатно се меѓу седуммината притворени, кои пред два дена беа доведени во земјава под сомнение за учество на странски боишта. Нивниот идентитет и возраст, објавен од агенцијата АНХА, целосно се совпаѓа со иницијалите, кои ги објави МВР. Од МВР и од Јавното Обвинителство не ги потврдуваат ваквите информации во насока на почитување на презумпцијата на невиност. Според сириската агенција, двајцата македонски државјани биле уапсени од сириските сили кон средината на минатата година, период кога Исламската држава почнува да ги губи позициите во Сирија.

-На сите поддржувачи на ИСИС во Европа им велам да останат подалеку од Исламската држава. ИСИС е лажно исламско движење. Видов страотни сцени на масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези. Кога го видов тоа, побегнав и им се предадов на сириските демократски сили, вели припадникот на ИСИС.

-Со цивилите се однесуваа варварски. Сите надвор од нивната група ги гледаа како робови, особено жените Јазиди. Тие не го претставуваат Исламот, вели припадникот на ИСИС.

По признанието од Пентагон вчера, денеска и герамскиот весник „Билд“ пишува дека Македонија европска земја која прифатила да ги врати заробените борци на Исламска држава во Сирија и Ирак. Според Билд, курдската милиција со месеци бара од САД да се погрижат за враќање на заробениците во нивните матични држави затоа што тие се дополнителен товар за нејзините ресурси.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1