Исповед на избегана робинка – Најубавите девојки мора да му бидат сексуални робинки на Ким Џонг-ун


Жената која побегнала од Северна Кореја во исповедта за британски „Мирор“ открила дека во текот на својот живот во таа ригорозна земја била принудена да гледа погубувања, како и дека нејзините другарки од училиште станале сексуални робинки на Ким Џонг-ун.

Хи Јон Лим (26) рекла дека тиранинот ненаметливо наредувал затворање на луѓето, вклучувајќи и членови на неговото семејство. Хи Јон рекла дека го ризикува својот живот со оваа интервју, но дека тоа го направила за да го изложи својот „згоден лидер“.

Тврди дека повисоките одделнија на училиштето во Пјонгјанг кое го завршила, биле принудени да гледаат морничави погубувања, а подоцна Ким ги частел со обилни оброци.

Биле принудели да го гледаат стрелањето на 11-те музичари обвинети за снимање порнографски филм.

– Ги изведоа пред нас, ги врзаа, им ставија качулки на главите и превез на устатата за да не молат за милост ниту да врескаат. Ги стрелаа со пушки додека не паднаа. Нивните тела беа уништени, сосема уништени и крв имаше насекаде. Тој ден, околу 10.000 луѓе беа принудени да гледаат стрелање, а јас стоев 60 метри од жртвите. Потоа, преку остатоците од нивните тела кои лежеа на тлото, поминаа тенкови – вели таа.

Таа молчела за она што го видела тој ден.

Хи Јон е ќерка на полковник, а тврди дека Ким Џонг-ун ги избрал нејзините најубави школски колешки за да работат за него, после што биле научени како да масираат, па станале негови сексуални робинки. Потоа биле однесени во неговите тајни соби, каде што послужувале деликатеси како кавијар и други вкусни јадења. Ако случајно направиле и најмала грешка едноставно „исчезнувале“ – дури и ако во тоа време биле бремени, тврди Хи Јон Лим.

Подоцна тврдела дека Ким Џонг-ун се заканил со војна, бидејќи бил „загрижен и немал друг излез“.

Рекла и дека граѓаните на Пјонгјанг отворено го поддржуваат, бидејќи во спротивно би биле убиени, и дека тоа се однесува и на нему блиски луѓе.

Лим со својата мајка и братот успеала да побегне во Сеул, а за разговорот за британски „Мирор“ дошла на тајна локација. Името и е променето поради безбедносни причини, а таа рекла дека живее во страв после се што видела во Пјонгјанг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1