Исповед на ќерка на богаташ: Срам ми е да кажам колку трошам на облека! (Видео)


18 годишната девојка патува со приватен авион, а за одмор на располагање и се јахтите на нејзиниот татко. Не облекува ништо што нема потпис од Лагерфелд, Лобутин или Валентино.

Но нејзиниот животен стил „на висока нога“ е финансиран од нејзиниот дарежлив татко. Младата девојка вели дека едвај чека да почне да работи и да троши свои пари.klarisa-1

– Разбирам кога луѓето генерализираат и не гледаат со одобрување на животниот стил на некои од нас, на пример кога ќе видат дека тинејџер се бања во када полна со шампањ од 600 долари –  вели Клариса.

– Да се биде богат не значи да се фрлаат пари на сите страни, да се носи дизајнерска облека и накит, се одеднаш, – тогаш не изгледате богати туку како новогодишна елка. Треба да имате култура зад сето тоа, инаку луѓето ќе ви се смеат. Колку глупаво би изгледале ако на себе ги носите сите пари, а не знаете да разликувате добро од лошо вино.

Клариса пораснала во Нова Каледонија , каде нејзиниот дедо, Жак Лефлор, бил претседател 15 години. Нејзиниот татко е богат бизнисмен кој поседува компании во Нова Каледонија и во Франција, фабрики за хартија и пластика, хотели, ресторани и весник во Нова Каледонија.2klarisa

Клариса студира бизнис. Ќе заврши во 2018 и ќе се вклучи во бизнисите на својот татко.

– Ќе работам со татко ми се додека тој не се пензионира, а потоа ќе ги преземам сите бизниси – вели амбициозната наследничка.

Таа споделува делови од своето секојдневие на Инстаграм каде има 15.000 следбеници, но вели дека тоа што го објавува привлекува и лоши коментари.

– Јас сум лесна мета бидејќи сум русокоса и девојка, па ме обвинуваат дека сум размазена, или лесна девојка… Минатата недела еден човек на Твитер напиша дека посакува да добијам рак.5klarisa5

Луѓето во коментарите ја повикувале наместо да се слика во шопинг, да ги даде парите за хуманитарни цели.

– Но јас не чувствувам потреба да се бранам. Ако ме познава, таа би знаела дека моето семејство има хуманитарна организација која им помага на студентите кои немаат пари да го платат школувањето – вели Клариса.

– Срам ми е да кажам дека на облека трошам повеќе од што луѓето трошат цела година. Но имам сметка во банката која е полна, а татко ми е многу дарежлив и постојано ми вели – ако ми требаат повеќе пари, само да му кажам!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1